(ВИДЕО) Ковачевски: 2023 година е година за економска пресвртница, на нова надеж

Од:

Нема недостижна цел, 2023 година е година за економска пресвртница, на нова надеж, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина Силно и одлучно во Тетово.

Ние, во исклучително тешки околности успеавме да го одржиме буџетот стабилен, да не крахира, да го одржиме енергетскиот систем и да обезбедиме храна, енергенси, греење и струја, додаде Ковачевски.

-Ако пред 10 месеци клучното прашање беше дали ќе успееме да обезбедиме храна, пари, струја и нафта, денеска клучното прашање е можеме ли заедно да го пребродиме последниот дел од економската бура или не. Имаме уште многу работа, тоа секако, бурата е се уште во тек. Но стојам овде пред вас и со сето мое економско и менаџерско знаење, со сиот резултат во изминатите 10 месеци ви велам ДА, можеме. Заедно ќе успееме да ја поминеме зимата, заедно ќе успееме да ја пребродиме последната глобална економска бура и од наредната година ќе биде подобро, рече претседателот на СДСМ, Ковачевски.

Нема недостижна цел. 2023 година е година за економска пресвртница, на нова надеж, потенцираше тој.

-Ако во првите десет месеци ја држевме цврсто економската линијата за борба против кризата, за наредната година и новиот Буџет тоа е промена, пресвртница од каде што тргнуваме во офанзива. Конечно да ја победиме кризата, да почнеме да економски да растеме, да го зголемиме животот стандарди и да се погрижиме следната година да стане подобра од оваа. Да направиме општествени промени со нашите економски политики за енергетска транзиција, за обезбедување финансиска поддршка и пресвртница во развојот на домашната економија, рече Ковачевски.

После 10 месеци, макотрпна работа, труд, многу непроспиени ноќи создадовме и реализиравме пакети антикризни мерки вредни 760 милиони евра. Најголеми во регионот според БДП. Не само според мене, не само според Владата, туку според Светската банка, додаде Ковачевски.

-После 10 месеци можеме да кажеме успеавме. Со антикризните мерки ја спасивме македонската економија, го поддржавме стандардот на граѓаните, компаниите, ранливите граѓани кога беше најпотребно, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Тетово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он