(ВИДЕО) Костовски: Убиство во Србија, дрога во Албанија, со што се поврзани роднините на Томовски од скандалот во СОЗР?

Од:

Денеска ќе објавиме нови информации за последниот скандал на власта на ДПМНЕ со тендерот од 3,5 милиони евра во СОЗР поврзан со роднини на директорот Ивица Томовски. За какви луѓе станува збор? Го повикуваме Томовски да излезе пред граѓаните и да одговори. Дали лицето Дарко Гашиќ, негов роднина, кој има регистрирано фирма на иста адреса со подружницата на „Праеторион ДООЕЛ“ во Охрид, имал проблеми со законите во соседна Србија, изјави Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ.

-Дали неговиот роднина, Дарко Гашиќ бил уапсен во Србија, заедно со уште 9 други лица, осомничени дека извршиле убиство? Дали Гашиќ викан Праки учествувал во крвава пресметка меѓу две криминални банди во Белгард на 10 ноември 2008 година која резултирала со двајца загинати? Дали неговиот роднина Власе Танаскоски, кој ја раководи подружницата на „Праеториан ДООЕЛ“ во Охрид лежел во затвор во Албанија заради трговија со дрога?

Дали овие денови во Калишта Танаскоски организирал ручек на којшто присуствувал и министерот Панче Тошковски? И конечно, дали е ова обид за создавање на нова СГС агенција на ДПМНЕ каде ќе со партиски рекетари и бандити ќе се контролираат држаните институции и ќе се перат пари? Исто како во време на режимот. Ова е голем скандал. Прво поради коруптивната мрежа на ДПМНЕ за злоупотребата на власта и испумпување на парите на парите на граѓаните преку тендри вредни милионски суми. Второ поради основаната поврзаност со криминални шеми и криминални ликови кои имале сериозни проблеми со законите во соседни држави. СДСМ бара: Итна истрага од надлежните институции и постапување на Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија за овој скандалозен тендер вреден 3,5 милиони евра. Владата да го разреши Томовски од функцијата додека трае истрагата. Ова е уште еден доказ за корупцијата која владее во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе продолжи да се бори за правда, транспарентност и институции кои работат во интерес на граѓаните – рече Костовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он