(ВИДЕО) Костовски: СЈО работи надвор од закон за да ги заплаши членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека Специјалното јавно обвинителство работи надвор од закон.

– Катица Јанева и нејзините обвинители единствено што почитуваат се политичките нарачки од хунтата на Зоран Заев за пресметка со неистомислениците. Со денешниот прес, Катица Јанева и нејзините соработници потврдија дека се слепи извршители на желбите на Зоран Заев и СДС во обидите да се замолкне секој што мисли поинаку и што може да се спротистави на антидржавните политики кои во моментов се реализираат. Само за потсетување, во моментов државната изборна комисија е во оставка, а Зоран Заев најавува промена на името во исто време кога од Грција доаѓаат најави за предлозите кои ги давал Заев, но и за проширување на опсегот на употребата на новото име, рече Костовски.

Тој додаде дека во вакви околности кога практично не постои институција која би го реализирала евентуалниот референдум за името, СЈО по наредба на Заев тргнува во офанзива монтирајќи нови случаи, надвор од законските овластувања, против членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ во обид да ги заплаши и пасивизира.

– Единствената цел на СЈО е да му обезбеди на Заев поширока поддршка за политиките кои ги реализира на штета на државата. Ваквото однесување на СЈО е кршење на Законот со кој е формирана таа институција и за тоа мора да има одговорност. Незаконското однесување ќе биде предмет на истрага во оној момент кога правосудните органи ќе се ослободат од притисоците на власта, рече Костовски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?