(ВИДЕО) Костовски: СДС наместо да кратат од непродуктивните трошоци како што најавуваа, тие ги дуплираат во однос на лани

Од:

„СДС наместо да крати како што велеа и самите од непродуктивните трошоци, тие ги дуплираат во однос на лани.

СДС наредната година за свој личен и луксуз на функционерите од СДС во новиот Буџет под ставката дневни и патни трошоци предвиделе 770 милиони денари или 12.5 милиони евра. Ова е два пати повеќе од тоа што се предвидело во ланскиот Буџет, кога изнесуваше околу 7 милиони евра.

Во предизборието најавуваа кратење на непродуктивните трошоци, па очигледно видеа дека се сведени на миниум од страна на ВМРО-ДПМНЕ и решија да ги дуплираат трошоците за свое лично луксузирање.

СДС наместо да вложуваат во реални сектори каде што е потребно како образование и здравство, тие решија 12.5 милиони да ги користат за личен луксуз на врхушката на власт.

Додека ги учеа граѓаните да одат на работа со автобус и велосипед, СДС трошат 12.5 милиони евра годишно за дневни и патни трошоци.

Граѓаните конечно гледаат дека СДС и Заев ги манипулираа граѓаните. Очигледно нема пари за решавање на егзистенцијата на над 120 семејства во Колска и над 280 вработени во Еурокомпозит кои се на работ на преживување, но затоа има пари за личниот луксуз на функционерите на СДС.

Ова е начинот на кој СДС е научен да владее. Луксуз и расфрлање со народни пари“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски