(ВИДЕО) Костовски: Повисоки плати во одбраната и полицијата, се грижиме за стандардот на граѓаните

Од:

Преку одговорни и ефикасни економски политики, Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните и обезбедува стабилност на економијата. И во време на глобална економска криза платите постојано растат. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика просечната плата за месец мај оваа година изнесува 31.407 денари, што е за 9,4 отсто повисоко во однос на истиот месец минатата година, изјави на прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

– Платите ќе продолжат да растат во сите сектори. Веќе од септември следува покачување на платите во образованието и детската заштита, додека платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто. Со новиот Закон за служба во Армијата, платите во одбраната од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари. Сето ова е показател дека економијата е стабилна, динамична и развојна, подготвена да се носи со идните предизвици. Вложувањето во човечкиот капитал, груижата за граѓаните остануваат врвен приоритет за Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ. И во време на глобална економска криза остануваме посветени на мерки и политики кои обезбедуваат повисок животен стандард и повеќе пари во секое семејство – рече Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он