(ВИДЕО) Костовски: Нов скандал, Мицкоски во друштво со дилер од Струга, ДПМНЕ стана гнездо на подземје

Од:

Нов ден нов скандал со дрога поврзан со криминалната ДПМНЕ. Христијан Мицкоски е во друштво со дилер на дрога и оружје од Струга, приведен на 24.11.2023, како дел од организирана криминална група, која се занимавала со недозволена трговија со дрога и оружје. Еве ја таа фотографија. ДПМНЕ стана гнездо на подземје и криминал со дрога, изјави денес Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

– Со дрога беше фатен и истакна член на ДПМНЕ, соработник на Мицкоски од Пештани. Мицкоски го видовме во друштво како седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра.Мицкоски е опкружен со радикали, лица фатени со кокаин, лица што се бават со недозволена трговија со дрога и оружје. ДПМНЕ повеќе не е политичка партија, туку прерасна во расад на криминални групи и гнездо на конзументи на дрога.

Тие се опасност за сите особено за најмладите. Не е воопшто случајност што уапсени шверцери со дрога седат на иста маса со Мицкоски по кафеани. ДПМНЕ со години е едиствена партија која овозможува заштита на ваквите структури и партија каде се чувствуваат безбедно.Радикални групи, националисти, насилници а сега и шверцери на дрога имаат очигледно влијание врз Мицкоски. Доколку ДПМНЕ дојде на власт кој ќе ја води државата? Тие се разбира. Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори какви услуги користи од нив? Мицкоски со денови не кажува ни какви биле односите и за што разговарал на состаноците со Палевски. Вакво ДПМНЕ претставува опасност по сигурноста на граѓаните – рече Костовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски