(ВИДЕО) Костовски: Митрески имаше клучната улога во враќањето на дијалогот во Собранието и ужива доверба

Од:

СДСM и коалицијата го предложи Јован Митревски да биде нов претседател на македонското Собрание. Самиот факт што пратениците застанаа зад Митревски, доволно зборува за довербата што сите овие пратеници ја имаат во него тој да ја преземе оваа функција, рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски денеска при изборот на нов претседател на македонското Собрание.

-Јован Митревски, како координатор имаше главна улога, не само во рамките на СДСМ, туку тој беше и главен медијатор со сите пратенички групи за да се обезбеди консензус за понатамошен напредок, рече Костовски.

Јован Митревски е одговорна личност. Но, пред се тој е човек и другар, кој има одговорен пристап кон се, особено во оние тешки времиња со кој се соочувавме, додаде тој.

-Јован Митревски одигра најголема улога во тешките времиња на Собранието, кога моравме да ја враќаме довербата во институциите, кога ги унапредивме транспарентноста и отчетноста, Митревски ја имаше клучна улога, целосно да работи за своите граѓани, потенцираше Костовски и додаде:

Јован Митревски имаше клучна улога во унапредување и враќање не дијалогот Жан Моне и тоа даде резултат, за се врати дијалогот во Сообранието.

– Во февруари 2020 година Митревски го ратификуваше Северно-атланскиот договор и Македонија стана 30-та членка на НАТО. Кога цел свет се соочи со пандемија, Митревски успеа да го менаџира просецот на здравствените и економски мерки, а стандардот на граѓаните се подобри. Митревски е политичар со интегритет, а не политичар со теснопартиски интереси. СДСМ со новиот претседател на Собранието ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и зацврстување на европскиот пат – рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците