(ВИДЕО) Костовски: Изградбата на коридорите 8 и 10Д е од стратешки национален интерес

Од:

„Изградбата на коридорите 8 и 10Д е од стратешки национален интерес, проект на чија реализација се чекаше повеќе од три децении. За изградбата на делниците од коридорите да чини поевтино и да заврши побрзо, предвидени се измени и дополнувања на пет закони кои веќе се наоаѓаат во соодветна собраниска процедура“, рече Мартин Костовски, пратеник од СДСМ.

„Со носењето на измените и дополнувањата, државата ќе заштеди 150 милиони евра, а изградбата ќе заврши во предвидениот рок, наместо рокот да се пролонгира дополнително.

Коридорот 8 влегува во мрежата на главни европски коридори, додека со коридорот 10Д подобро го поврзуваме југозападниот дел со централниот дел и со главниот град на државата.

Со нивната изградба, државата станува вистинска крстосница на Балканот, а стопанството ќе добие подобро поврзување со уште две пристаништа.

Изградбата на коридорите освен подобро поврзување внатре и надвор, со себе носи и економски придобивки, преку раст на два отсто годишно на БДП, нови 8.000 работни места и најмалку 600 милиони евра директно во домашните компании.

Блокадите на овој национален проект од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица мора да бидат поразени“, изјави Мартин Костовски, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски