(ВИДЕО) Костовски: „Акција 21“ содржи 10 приоритети за Европа дома, прв меѓу нив е прочистување на правосудството

Од:

„СДСМ како одговорна партија, со голема посветеност и мотивираност ги поставува европските стандарди во нашата држава, во сите сфери на општеството.

Започнуваме со реализација на нова стратешка рамка „Акција 21“, со која ја носиме Европа дома.

„Акција 21“ содржи 10 приоритети, а прв меѓу нив е – Прочистувањето на правосудството.

Длабоките и суштински реформи во правосудството, преку ефикасно и објективно прочистување на судството и обвинителството влегуваат во завршница“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„И покрај тешката битка со противниците на правдата, со Мицкоски којшто стои на браникот на криминалот, како владејачко мнозинство во Собранието го донесовме Законот за јавно обвинителство.

Овој закон обезбедува продолжение на предметите за висока корупција, кои веќе добиваат судски разрешници. Високи функционери, министри, веќе издржуваат затворски казни за тешки кривични дела.

Изминатава година од страна на Судскиот совет биле покренати 80-тина предмети, а осум судии биле разрешени.

Во завршна фаза е моделот за прочистување на судството, подготвен првенствено од претставници на Судскиот совет, на Советот на јавни обвинители, со поддршка на академската јавност.

Сите судии ќе бидат оценувани за тоа како воделе постапка, како изведувале докази и сослушувале сведоци, а особено за тоа како постапувале со предмети кои се доведени до застарување.

Оценувањето ќе го врши Судскиот совет или Советот на јавни обвинители и тоа транспарентно и во одредени временски рокови.

Во оваа активност е вклучена и проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Јавното обвинителство ќе мора редовно и постојано да ја информира јавноста за својата работа и за напредокот во предметите пред сѐ за организиран криминал и корупција, и за ова ќе иницираме законски измени.

На почетокот на наредната година, најдоцна на пролет, се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил, околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашни експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ.

Ние сме прва држава во регионот која од Европската Унија побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на судските предмети врзани за високата корупција.

Наш врвен приоритет се ред, правда и дисциплина, градење силна, независна правна држава и неселективно владеење на правото.

За граѓаните, за иднината на државата важно е да функционира силна ефикасна правна држава која бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата.

Ќе има правда за сите, ќе има одговорност за сите, мора да ставиме точка на сите криминали!“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски