(ВИДЕО) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски – инфлацијата од 3,3% го изеде стандардот

Од:

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат инфлација од 3,3%. Овие бројки не се само статистика – тие се реалноста во секој македонски дом, во секое македонско семејство.
Сѐ е поскапено. Животот за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ стана „купи ден – помини“. Инфлацијата го јаде семејниот буџет, платите, но и самиот економски раст, изјави Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

-Ова е уште една потврда дека фалбите за некаков раст на БДП или дека сме биле 4 та економија во Европа нема никаква врска со реалноста, тоа е една голема лага. Прво Мицкоски излажа за растот на БДП, не е 3,4% како што рече тој, туку 3%. Но, кога ќе се спореди со поголемата инфлација од 3,3%, значи не само што нема раст, туку е негативен. Затоа и куповната моќ на македонските граѓани во споредба со целиот регион е најмала.

Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53% и така натаму. Ова е тажната реалност. Животот во Македонија е неподносливо скап, народот има се помалку пари. Граѓаните преживуваат од ден за ден. Купуваат се помалку, пресметуваат секој денар, одат во продавница со страв.

Наместо решенија и заштита на стандарот власта на ВМРО-ДПМНЕ реши да ги покачи платите ама само на функционерите. За работниците – ништо, нема пари, власта има пари само за зголемивање на платите на фунционерите. Без трошка срам министерката за финансии тврди дека повисоки плати ќе предизвикале инфлација. Ова е врв на безобразие. Работниците не заслжуваат ваков однос, вакво понижување. СДСМ бара итна промена на курсот, владата да преземе итни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и да ги покачи платите на работниците – вели Костова.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски