(ВИДЕО) Костадиновска: Владата преку одговорен пристап обезбеди успешен старт на учебната година

Од:

„И во време на сериозна пандемија, Владата предводена од СДСМ, Министерството за образование преку одговорен и системски пристап обезбедија успешен старт на учебната година и успешен наставен процес.

Секојдневно се докажува дека комбинираниот модел кој го направивме беше повеќе од потребен, а онлајн наставата апсолутно потребна и неизбежна.

Денес онлајн наставата успешно без поголеми потешкотии ја следат околу 88% од учениците, и оваа бројка од почетокот на учебната година, до сега е зголемена за 18%“, рече Бисера Костадиновска, пратеничка на СДСМ.

„Таквиот раст, меѓу другото, се должи и на иницијативите на локалните самоуправи кои за исклучително краток период, преку донации обезбедија ИТ уреди за учениците и наставниците кои ја немаат потребната опрема.

За останатиот дел ученици коишто немаат уреди предвидени се неколку опции за учење на далечина. Секојдневно се емитуваат 15 минутни часови на телевизија преку Националната радио-телевизија на македонски и на албански јазик, но исто така наставниците имаат обврска да доставуваат печатени материјали до децата и на дневно ниво да комуницираат и да го следат нивниот напредок во совладувањето на материјалот.

Важно е да се истакне дека во моментот во околу 600 училишни објекти во државата се одвива настава со физичко присуство, под строго утврдени протоколи и алгоритми.

Учениците и наставниот кадар кои се вклучени со физичко присуство во образовниот процес треба да продолжат доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од Ковид-19 и со тоа да го заштитат сопственото и јавното здравје.

Најважно од се е, образовниот процес да тече непречено во услови на пандемија што не беше ни лесно да се обезбеди.

Пречките секојдневно се надминуваат и очекуваме дека наскоро сите ученици ќе имаат услови за следење на настават непречено и да имаме целосно успешна учебна година и покрај пандемијата.

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи продолжува да работи посветено во интерес на наставниците, учениците и нивните родители“, изјави Бисера Костадиновска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески