(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Жалам што мојот двогодишен мандат ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го извалка со лаги

Од:

Најнапред да ви се заблагодарам за тоа што сте тука денес и што ми ја дадовте можност да одговорам лично и во живо на лагите на ВМРО ДПМНЕ. Увидовме дека имаат капацитет само за лаги и само за замајување. Толку е. за водење држава не. Денес стојам пред вас на оваа прес конференција затоа што најавија серијал за мене и за моето трошење. Жалам што мојот две годишен мандат ВМРО ДПМНЕ се обидува да го извалка со лаги, изјави пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

– Еве ја вистината: Дел од трошоците кои ги презентираа се однесуваат на нужност да обезбедам основни услови за мое нормално функционирање на службено патување после лет на кој авио компанијата ми го изгуби багажот. И да, купив нови куфери од сопствена сметка и основни средства за службеното патување за да можам да патувам и да учествувам на состаноците во момент кога останав без багаж при патувањето во Лондон. Остантиот дел е тешка манипулација и целосна невистина.

Ама бидејќи се мајстори за изнесување лаги, го повикувам пратеникот Лефков, нека дојде со копија од мојата службена картица, ќе чешламе трошок по трошок на кој сака медиум. Нека одбере тој време и медиум. Јас стојам на располагање! Ако има криминал во моето работење нека повелат да ми го симнат имунитетот, имаат можност за тоа, и ќе се појавам пред кој сакаат судија! Ако се утврди неправилност, грешката ќе ја признаам и парите веднаш ќе бидат рефундирани. Ако не, ВМРО Фалсификаторска ќе добие тужба и уште еднаш ќе биде потврдена како дезинформатор и маниулатор на македонскиот народ.

Јас сум жена, политичар и човек кој мрази лаги – затоа секогаш реагирам веднаш и со вистината. Одвратно е ова што го прават, ама нема да паднам на нивното ниво. Тие нека продолжат со лаги, а јас со вистина. Не најдоа никако да ме оцртнат, не им се допадна извештајот од ДЗР за моето работење, не им се допадна што никој не може да го “стигне” трошењето на Бети, па нејзините две другарки денови поминале на гугл да наоѓаат места низ светот и да фалсификуваат сметки. Дали ова е страв од тоа што предметот за нивната омилена министерка уште не е затворен, па ги фатило паника кога пред неколку дена добиле барање од ОЈО да ги предадат извештаите од нејзините три службени картички? Дали им е страв дека ќе се види таму вистинскиот шопинг од 30.000 евра во Италија? Да сумирам. Сите трошења за мои лични потреби биле реализирани исклучиво од моја лична приватна сметка. А, сите трошења кои биле нужни за службеното патување, биле реализирани од службена картичка, исклучиво согласно актуелните правилници и норми – рече Костадиновска Стојчевска.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за екс министерката Костадиновска Стојчевска за Универзална сала

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не знаела да сопре со трошење народни пари

Горан Наумовски

Лефков: Бисера Антоанета летала со владин авион за Црна Гора

Лефков: Бисера Антоанета со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

Горан Наумовски

Бисера Костадиновска со народни пари вечерала бизонско филе, телешко карпачо и школки за 400 евра во луксузен ресторан во Виена

Лефков: Другарка на Бисера Костадиновска го резервирала луксузниот стан во Виена платен со службена каричка

Катерина Ѓуровски