(ВИДЕО) Костадинов: Незаконски долг од 400.000 евра, на повидок нова афера за финансирањето на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Според последните јавно објавени информаци, на повидок е нов скандал, нова афера, поврзана со начинот на финансирање на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за послендите претседателски избори.

Како што е објавено и како што може да се потврди од Финансискиот извештај, ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска. Согласно Изборниот законик (член 71) сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра останал, а сметката за оваа кампања е веќе затворена. Значи нема законски основ веќе за покривање на овој огромен долг.

Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ и потпсникот на сметката за овие избори, генералниот секретар Игор Јанушев, не го почитувале Изборнио законик. Повикуваме надлежните институции да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста.

Институциите се на потег. За овој најнов скандал во ВМРО-ДПМНЕ одговороност мора да има“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски