(ВИДЕО) Костадинов: Зошто Мицкоски не сака Македонија да оди напред и зошто работи против македонската иднина?

Од:

Во последните денови пред најзначајната одлука во историјата на независна Македонија, Христијан Мицкоски се обидува да ја напаѓа македонската иднина. Во вчерашното обраќање, Мицкоски се обиде да ги оспори сите важни случувања од поновата историја кои на Македонија и донесоа мир и стабилност, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

Тој запраша дали Мицкоски смета оти во турбулентните деведесетти Македонија не требаше да влезе во ООН, или пак дали не требаше да се склучи Рамковниот договор во 2001 за да запре воениот конфликт.

– Настапот на Мицкоски покажува дека тој има проблем со подобрата иднина и перспективите што се отвораат пред граѓаните на Македонија. Зошто Мицкоски не сака Македонија да оди напред и зошто работи против македонската иднина? Никаде досега не е познато, лидер на политичка партија да нема став за најважното прашање за иднината. Никаде не се видело лидер на најголема опозициска партија да не сака да ја види својата земја напред во подобра иднина. Очигледно е, Мицкоски не сака Македонија да успее. Мицкоски може да биде уште порадикален, може да фрла со дрва и камења кон македонската иднина, но за среќа Мицкоски не е тој кој одлучува, рече Костадинов.

Тој кажа дека одлучуваат граѓаните, чие мнозинство е силно определено за иднина во ЕУ и НАТО.

– Одлучуваат граѓаните кои ќе излезат и ќе гласаат на 30 септември. Одлуката ја носи огромното мнозинство кое ќе каже ЗА европска Македонија. Мицкоски очигледно останува изолиран на браникот на криминалите, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он