(ВИДЕО) Костадинов: Заврши времето кога политичарите бираа јавни обвинители а судството се контролираше од белиот дворец

Од:

Денес борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна и не познава никава припадност, а најмалку политичка. Само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против правдата, ги кочат реформите во судството и Законот за јавно обвинителство, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„На преговорите што се водат за овој закон, ВМРО-ДПМНЕ за свој претставник го испрати Антонио Милошоски, осоминчен во случајот „Моќниќ“ и главен дезинформатор во белиот дворец. Наместо да побара веднаш оставка, Христијан Мицкоски го топори Милошоски со што потврди уште еднаш: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште се водат по инструкциите од Будимпешта, по насоките на осудениот криминалец во бегство Никола Груевски“, додаде Костадинов.

„Само во последните два месеца, Милошоски двапати беше фатен во сериозни лаги кои го нарушуваа угледот на државата.

Неговите лаги дека седум земји се противеле да започнеме преговори со ЕУ и дека наводно бизнисмен бил рекетиран и барал помош од Амбасадата на Белорусија во Белград, беа експресно демантирани од претсавници на ЕУ, како и од Почесниот конзулат на Белорусија во Скопје.
Тоа кажува каков е нивниот однос кон државата и граѓаните, нечесен, лажен. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е Мицкоски.

Дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против правдата е јасно одамна.

Впрочем затоа Мицкоски за нов шеф на новот Јавно обвинителство го предложи Владимир Панчевски кој е суспендиран и против кого се води истрага за злоупотреба на АКМИС системот.

На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно дека заврши времето кога политичарите бираа јавни обвинители а судството се контролираше од белиот дворец.

Реформите ќе продолжат во интерес на правдата, граѓаните и државата, колку и да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.“, наведе Костадинов во обраќањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, а Пулс, дивата сеча и тепањето советник

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

ЗНАМ: СДСМ, ресетирајте се – излезете од канџите на муртинските коруптивни мрежи!

Мицкоски е во шок од изборниот резултат, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: 10 спрема 1 по освоени општини во првиот круг е соодносот на ВМРО-ДПМНЕ со СДС

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија