(ВИДЕО) Костадинов: Врвот на ВМРО-ДПМНЕ да не се обидува да бара амнестија за Груевски

Од:

„Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат со одбрана на криминалот на режимот и да се посветат на иднината на државата и на сите нејзини граѓани.

Овие денови, преку презентираните докази во судските постапки, за еден од случаите поврзани со зделките за автопатиштата, целата јавност има увид како поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ безмилосно ги кршело законите“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„На штета на граѓаните и само заради лично богатење, бил заобиколен законот за јавни набавки, а штета врз буџетот со директниот договор, како што е соопштено, со една кинеска фирма, е над 155 милиони евра.

Резултатите од таквото криминално однесување на тогашното раководство и министрите од ВМРО-ДПМНЕ не се само незаконските провизии.

Граѓаните се сведоци дека биле промашени трасите, не биле соодветно предвидени и планирани тунели, свлечишта, клучки и низа други грешки, како на пример на автопатот Кичево-Охрид, што повлече дополнителни средства на граѓаните за санирање на штетите.

Владата предводена од СДСМ ги решава проблемите наследени од партијата на Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

Денес се гради по план, законски, транспарентно и се е на увид на јавноста. Интензивно се санира кастрофата што ја остави ВМРО ДПМНЕ, се обновува патната инфраструктура ширум Македонија и се работи во интерес на граѓаните.

Амнестија за криминал нема и не смее да има. Во интерес на граѓаните, раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го брани криминалот на Никола Груевски и да даде поддршка на процесот во собранието што води во НАТО и ЕУ“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски