(ВИДЕО) Костадинов: Времето истекува, пратениците на ВМРО ДПМНЕ треба брзо да се изјаснат дали се за ЕУ и НАТО

Од:

„Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат да ја блокираат иднината и евроатланската перспектива на Република Македонија.

Времето истекува, сега пратениците на ВМРО-ДПМНЕ многу бргу треба да се изјаснат дали се за ЕУ или НАТО или не?

Доколку ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму да ја блокира иднината, секој пратеник треба да се издигне на висина на овој историски момент и да гласа за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, за подобар живот за сите граѓани“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Ако тоа не се случи одиме на предвремени парламентарни избори. Гласот на мнозинството граѓани ќе одлучи за иднината во ЕУ и НАТО.

Христијан Мицкоски нема да може да побегне од волјата на граѓаните кои се јасно определени за напредок, за членство во ЕУ и НАТО со зајакнат идентитет.

Македонија ќе победи во секоја варијанта. Правда ќе има, институциите ќе си ја работат својата работа. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски