(ВИДЕО) Костадинов: Во Струмица присилна наплата на радиодифузната такса

Од:

Покрај секојдневниот арач што го собираат по разни основи, деновиве, над 2 илјади граѓани на Струмица добија решенија за присилна наплата на радиодифузната такса за Македонската радио телевизија. Граѓаните се револтирани и со право реагираат. Најголем дел од решенијата се неосновани затоа што таксата била платена, а тие сега ќе мора да се малтретираат и да го докажуваат тоа пред шалтерите на Управата за јавни приходи. За жал, ова не е прв пат. Минатата година повеќе илјади граѓани се соочија со овој проблем, вели Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица.

Извршители на врата, решенија за присилна наплата на такси и даноци, фирми пред банкрот, сиромашни граѓани, ова е реалноста во Македонија, дело на Никола Груевски и власта во заминување.

И додека Груевски и фамилијата уживаат во нивниот раскош и луксуз граѓаните се на работ на егзистенцијата.

Присилната наплата на радиодифузната такса е уште една потврда дека пропагандата и медиумските хајки на Груевски и фамилијата се платени со парите на граѓаните.

И додека над 180 илјади граѓани живеат со по 40 денари на ден, а над 500 илјади живеат на работ на сиромаштијата, за три години во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа за ширење на владиниот популизам завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните.

СДСМ има решенија за излез од медиумскиот мрак.

Ќе создадеме медиумски простор за непристрасно и објективно информирање на граѓаните, бидејќи само вистински информираните граѓани може слободно да донесат одлука за иднината на својата држава.

Ќе ја укинеме радиодифузната такса.

Ќе ја претвориме МРТ од партиски билтен во професионален сервис на сите граѓани и во силен идентитетски столб на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел