(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ нема програма, ниту идеја, затоа секој ден шири невистини од белиот дворец

Од:

Апсолутно ВМРО-ДПМНЕ продолжува со ширење на лаги и невистини, ништо ново непознато за нас и за јавноста, за граѓаните, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Секако имаше официјален став од Министерството за здравство, отфрлија секакви обвинувања и поврзаност или било каква злоупотреба на позицијата, од таа страна повикуваме дека доколку немаат јасна програма, јасна платформа, доколку имаат недостаток на кадри најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, да не се обидува со креирањето на лажни вести да купува некакви политички поени.

Сведоци сме, знае и пошироката јавност дека и Јавното обвинителство излезе со став во однос на претходни обвинувања, дека станува збор за ширење на лажни вести од страна на најголемата опозициска партија во државата а тоа е ВМРО-ДПМНЕ“, одговори портпаролот на СДСМ на новинарското прашање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?