(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ ги блокира мерките за заштита од коронавирусот

Од:

„Во време кога имаме нов бран на коронавирусот, кога и кај нас и во регионот се полнат болниците, кога расте бројот на заразени, ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш одмага, и прави се за да ги одолговлекува мерките важни за справување со пандемијата.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски или немаат став по важни прашања или кога го имаат тој е секогаш спротивен на интересите на државата и граѓаните.

Колку се неодговорни и несериозни покажуваат со тоа што побараа одлагање на точката за измена на Законот за заштита на населението од заразни болести за да се вметнат нивни предлози, и наместо тоа на крај да предложат сосема друго, формирање на паралелна Комисија за справување со КОВИД 19 па дури и формираа нивна комисија внатре во партијата“, кажа Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„ВМРО-ДПМНЕ едноставно не знае што прави, со вакво ВМРО-ДПМНЕ не може да се постигне договор за ништо.

Нивното барање за формирање на специјална Комисија која ќе се справува со коронавирусот е уште едно во низата деструктивни дејствувања на опозициската партија.

Наместо носење на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се важни за поголема заштита од коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски прават се за да го кочат процесот.

Тоа е опасно по јавното здравје и спротивно на интересите на граѓаните и здравствените работници.

Комисијата за заразни болести е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија.

Тоа нема да придонесе во поефикасна борба против коронавирусот, туку само дополнително ќе го усложни целиот процес.

Сите, а особено опозицијата треба да се насочат кон заштита на здравјето на граѓаните, а не кон политички игри.

Здравјето на граѓаните е најважно. Како народни претставници имаме обврска да работиме во интерес на граѓаните и заштита на јавното здравје.

Да бидеме одговорни и да ги донесеме измените на Законот за заштита на населението од заразни болести“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески