(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да се оттргне од матрицата на Груевски

Од:

„Врвот на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски пред целата јавност мора да докаже дали навистина е за ЕУ и НАТО или најважна од се им е амнестијата на Никола Груевски.

Над 600.000 граѓани јасно се определија за иднина во ЕУ и НАТО. Колку и тоа да не му се допаѓа на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, волјата на граѓаните мора да биде почитувана.

Пратениците на ВМРО ДПМНМЕ мора да ја следат волјата на граѓаните. Мора да се вклучат во процесите што обезбедуваат членство во ЕУ и НАТО“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Наместо преку нелогични барања да се обидуваат да добијат амнестија за Груевски, Мицкоски, раководството и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја почитуваат и спроведат мнозинската волја изразена на референдумот.

Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи да се однесува неодговорно и продолжи да ја блокира иднината, ќе мора да има предвремени избори.

Ако Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ продолжат да ја носат Македонија во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе одлучат за иднината.

Време е ВМРО-ДПМНЕ да се оттргне од матрицата на Груевски и да ја почитува волјата на над 600.000 граѓани кои се определија за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и загарантиран македонски идентитет“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски