(ВИДЕО) Костадинов: Веднаш по нормализација на состојбата со коронавирусот треба да се оди на избори

Од:

„Секако дека во однос на ставовите на СДСМ морам да кажам дека се во континуитет конзистентни и непороменливи. Од самиот почеток на корона кризата нашите ставови се да максимално да се почитуваат препораките коишто доаѓаат од кризниот штаб, епидемиолозите, стручните лица кои се соочуваат и се борат против Ковид 19“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Имајќи ги предвид последните мислења и заклучоци на експертите, епидемиолозите и лица кои навистина ја разбираат оваа проблематика дека се наоѓаме во една друга фаза којашто каде Ковид 19 вирусот полека го губи интензитетот. Нашиот став е дека веднаш по нормализацијата со коронавирусот треба да се оди на избори. Зошто? Зарад тоа што е тоа важно и за економијата, секако имајќи ги предвид и мислењата што кружат низ Евопа и светот дека можеби не очекува и некој нов бран на Ковид 19 вирусот, одговорно е да имаме демократски избори и функционален Парламент“, одговори на новинарско прашање, портпаролот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски