(ВИДЕО) Костадинов: Собранието покажа дека е за силна европска иднина

Од:

“Извршителот Христијан Мицкоски не успеа во својата намера да го блокира законот за ЈО.

Победи правдата! Собранието со 80 пратеници покажа дека е за силна правна држава, за владеење на правото и за одговорност за сите”, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Собранието со 80 пратенички гласа покажа дека е за европска иднина на нашата држава.

За нас е од огромно значање што само 6 пратеници се изјаснија против гласаа против законот за ЈО.

Недвосмислено покажавме дека сакаме правна држава и дека ги почитуваме законите на Република Северна Македонија.

Законот за јавно обвинителство којшто Собранието денеска го усвои гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница, а постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази.

Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство значи и огромен придонес кон европската перспектива на државата и приближувањето до ЕУ. Денеска ќе гласаме и за распуштање на Собранието и на 12 април да одиме на предвремени парламентарни избори.

Ги почитуваме законите и го почитуваме она што е договорено. Тоа го покажавме и до сега. Иако до овој момент сеуште немаме предлог од ВМРО-ДПМНЕ за министер за труд и социјална политика подготвени сме да дадеме шанса и да пружиме рака.

Оставаме простор и ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да достават предлог и веднаш да гласаме за министер за труд и социјална политика,за да немаат никакво алиби за бегање од предвремени парламентарни избори“ рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО