(ВИДЕО) Костадинов: Со противењето на Законот за ЈО, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да купи време и да ги спаси криминалците

Од:

„Наместо ВМРО-ДПМНЕ да се стави во функција на воспоставување на правната држава, да излезе и да се изјасни за Законот за јавното обвинителство, овде во белата палата си пуштаат музика и се забавуваат, тоа е односот спрема државата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Знаеме колку е важен новиот Закон за јавно обвинителство, знаеме дека е услов и од Европската унија, јас не би рекол дека би се одложиле изборите, евентуално може да најдеме соодветни законски рокови кој што ги овозможува Уставот, да биде пролонгирано распуштањето на Собранието а се со цел изјаснување на пратениците, наместо бегање од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од изјаснување околу Законот за јавно обвинителство. Правда и одговорност и воспоставување на правната држава, ослободување од последните остатоци на режимот кои што седат во правосудството мора да има, мора конечно сите ние како одговорни политичари да се ставиме во функција на правото и правната држава. Секој за кој што од транспарентна судска постапка ќе се докаже дека го прекршил законот, направил штета на државата, направил штета на граѓаните наместо да седи овде во белиот дворец и да пушта музика треба да биде во затвор“, одговори портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов, на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?