(ВИДЕО) Костадинов: Следуваат седница на ЦО и нови промени

Од:

„Промените се тука, видливи и конкретни, пред очите на сите граѓани и пред целата јавност.

Согласно одлуката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, разрешени се 78 претседатели на oпштинските огранизации на СДСМ, односно сите претседатели на општинските организации на партијата“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„СДСМ се заблагодарува на сите досегашни претседатели за нивниот досегашен ангажман на локално ниво, како претставници на најголемата владејачка партија. Оваа одлука води единствено кон поправање, коригирање на слабите резултати во општините каде добивме јасен сигнал од граѓаните, и се разбира кон продолжување на добрата работа во општините каде граѓаните се задоволни.

Затоа, ги охрабруваме оние претседатели на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите, повторно да се кандидираат на новиот конкурс што ќе биде објавен во текот на идната недела.

Промените кои носат подобар живот за граѓаните продолжуваат, следуваат нови чекори. Ја известуваме јавноста дека во недела, во 18.00 часот ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, а за донесените одлуки јавноста навремено ќе биде информирана.

Пораката од граѓаните ја примивме со сериозност и постапуваме соодветно, темелно и навремено. Пред нас е предизвикот да научиме од сопствените слабости и да станеме уште подобри. Тоа е вредноста на новото време во нашето заедничко општество. Граѓаните реагираат, власта се поправа и служи уште подобро.

Убедени сме и ве уверуваме, дека во периодот што претстои ќе продолжиме уште попосветено да работиме на креирање мерки и политики што се во интерес на државата и сите нејзини граѓани“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски