(ВИДЕО) Костадинов: СДСМ се менува и отвара шанси за младите

Од:

„СДСМ продолжува со промените и со зајакнувањето на капацитетите што се во интерес на граѓаните и имаат за цел забрзување на напредокот.

Последните промени во партијата и во Владата се нова енергија, што треба да дадат дополнителен импулс во реализација на мерките што носат дополнителни придобивки за граѓаните.

Како одговорна, државотворна партија даваме шанси за младите“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„СДСМ е препознаена како партија носител на промените, отворена за сите млади и докажани луѓе кои сакаат да се вклучат во процесот на реформи.

Пораката е јасна и недвосмислена: СДСМ отвора простор за сите кои сакаат и можат, преку сопствен пример да дадат придонес во процесот на развојот на целокупното наше општество.

Од друга страна, тоа не е случај со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во белиот дворец остануваат заглавени во деструктивната матрица и во одбрана на криминалот и антидржавно однесување.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија продолжува да работи исклучиво по насоките од Будимпешта и осудениот криминалец во бегство Никола Груевски.

Како одговорна партија, остануваме со граѓаните и продолжуваме да се менуваме во нивен интерес. Остануваме силно посветени на заложбите за градење на модерно, развојно општество што нуди можности и шанси за сите“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“