(ВИДЕО) Костадинов: СДСМ ја има најдобрата понуда за секоја општина, во понудата на ВМРО-ДПМНЕ не верува ниту Мицкоски

Од:

„СДСМ утврди 51 кандидат за градоначалници за претстојните локални избори. Станува збор за докажани, угледни, професионални личности кои се мотивирани и подготвени да работат одговорно и посветено за својата општина. СДСМ на овие избори излегува со најдобрата програмска и кадровска понуда со која ќе продолжи развојот на општините“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Локалните избори се избори на личности и токму тоа е една од клучните предности на СДСМ. СДСМ била, е, и ќе остане прва во промените, движечка сила на татковината, мотор на напредокот.

Нема поголема чест и обврска да им се служи на граѓаните, да се решаваат нивните проблеми и барања. Тоа во изминативе години го правевме најдобро што можевме и ќе продолжиме уште подобро и во наредниот период.

Тоа е препознаено и од граѓаните, а еден од доказите за тоа се анкетите на кои СДСМ има убедливо водство пред останатите политички конкурентни.

За разлика од чесната, одговорна понуда на СДСМ, понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е понуда од немај каде.

Таму не само што нема нови лица, туку огромен дел од нив се луѓе на Никола Груевски, личности кои во минатото, во времето на режимот, биле на високи функции на државно и локално ниво.

Очигледно дека ниту самиот Мицкоски не верува во сопствената понуда на кандидати.

Фактот што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да извадат свој кандидат за градоначалник на Град Скопје и Општина Центар, говори за поразот што ја очекува опозициската партија во главниот град, но и во многу други општини низ целата држава.

На граѓаните им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква понуда за овие локални избори.

Затоа на 17 октомври ги очекува нов силен изборен пораз. Граѓаните уште еднаш ќе потврдат дека развојот на општините е можен единствено со СДСМ кој ја носи најдобрата понуда за секоја општина“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба

Герасимовски: Бесплатен оброк за сите ученици, родителите ќе заштедат 2.500 денари месечно