(ВИДЕО) Костадинов: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ да престане да се заканува на пратеници

Од:

„Сакам да кажам дека и вчера, министерката Десковска на прес-конференција кажа на што се однесуваше повлекувањето и предлагањето на Законот, станува збор за ист закон којшто беше претходно усогласен на Влада со направени технички грешки кои мораа да се усогласат во Собранието. Јас очекувам, доколку навистина имаме во предвид колку е важен овој Закон за Јавно Обвинителство пред се за нас, како граѓани, а секако и за државата во однос на евроинтеграциите, треба навистина да се ставиме во функција на правото и правната држава.

Би сакал да кажам дека овој Закон со самото изјаснување на сите нас како пратеници ќе значи, или победа на правото и правдата или победа на бандитите кои седат внатре во ВМРО-ДПМНЕ и кои се видно исплашени од носењето на овој Закон за Јавно Обвинителство. Јас ќе кажам дека наместо страв, требало многу порано да размислат за своите постапки, вие и јавноста сте сведоци и гледате како ВМРО-ДПМНЕ за се што значи право, правда, правичност во Собранието и секако во нашата држава се блокира, опструира и кочи. Сметам дека е доцна, и сметам дека и ние пратениците од мнозинството, но најповеќе граѓаните бараат правда и одговорност за сите направени криминали од страна на раководството од ВМРО-ДПМНЕ“, одговори на новинарското прашање, портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов.

„Би сакал да ја искористам и оваа прилика да ја запознам јавноста дека високи структури на раководството на ВМРО-ДПМНЕ значително повеќе од заканите којшто ги вршеа за време на гласањето за Уставните измени, тоа го прават сега и неколкукратно повеќе засилено. Се закануваат на оние пратеници коишто изразуваат спремност за да го поддржат Законот. Јавно апелирам да престанат високо раководните структури на ВМРО-ДПМНЕ коишто се исплашени од одговорност заради нивниот сторен криминал се плашат од одговорност да престанат да се закануваат на колегите во Собранието.

Република Северна Македонија е демократско општество и демократска држава и со ниту една опструкција или блокада нема да се спасат од одговорност за криминалите кои ги правеле за 11 години на штета на граѓаните и државата“, додаде Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“