(ВИДЕО) Костадинов: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување, нелегалната амнестија на Иванов да се затвори

Од:

„Трет ден Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не одговараат дали ќе го поддржат Барањето на СДСМ за автентично толкување за членот 11 од Законот за помолување.

Со поднесување на автентичното толкување во Собранието СДСМ се бори за правда, за одговорност, за спречување на можноста од враќање на незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов.

СДСМ нема да дозволи никакви амнестии. Пред граѓаните ветивме правда и правиме се правдата да биде задоволена за секого подеднакво“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Од друга страна остатоците на режимот, на „заробената правда“ и Сваровски судството, се обидуваат да застанат на патот на правдата, помогнато од ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски три дена тактизира, не ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето на СДСМ. Јасно е зошто.

Замислете за Христијан Мицкоски и Александар Николовски правдата е грешка, тие продолжуваат да го бранат криминалот на режимот.

Јасно е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат иницијативата пред Уставниот суд.

Мицкоски работи исклучиво во корист на неговиот ментор од Будимпешта и криминалната банда.

Прво Мицкоски треба да го поддржи автентичното толкување, да се затвори нелегалната амнестија на Иванов, па после може да зборуваме за некакви барања.

СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи попречување на правдата и опструкции на правниот систем.

Ако има протести против аболицијата на Иванов, Мицкоски ќе биде избркан од граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ повторно ќе го снајде 12 април, Денот кога почна Шарената револуција и со црвен картон ќе биде казнет од народот“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски