(ВИДЕО) Костадинов: Повторно сомнително изборно рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не е променето во белиот дворец

Од:

„Отворената истрага врз основа за сомневања за неправилности во изборното рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ само покажува дека во оваа партија ништо не сменето.

Според јавно објавени информации, стотина илјади евра, пари од Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ потрошила за изборно рекламирање на интернет портали, дури и на непознати медиуми, без импресум, без редакции.

Ваквото расипничко и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ е истата, стара, криминална матрица на оваа партија“, вели Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Речиси и да нема изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ во последите години која што не е спорна или сомнителна.

За изборната кампања за Гордана Сиљановска, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски ја затвори сметката со долг од 400.000 евра, спротивно на законот од член 71 од Изборниот законик.

За оваа кампања, но и други, јавноста дозна и за сомнителните шеми преку фирми на Орце Камчев.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ предводено од шефот на Мицкоски, Никола Груевски, оставше долгови од над три милиони евра.

Односот и кон законите но и кон медиумите, на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е ист и непроменет.

За потсетување, на почетокот на годинава словенечки медиуми објавија истражување во кое беа наведени сериозни сомнежи дека ВМРО-ДПМНЕ со 2,5 милиони евра, црни пари од Унгарија финансирала медиуми во државава кои ширеа и се уште шират антидржавна пропаганда.

Дали е нешто слично и со последниот случај со интернет порталите, оставаме да покаже истрагата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека помина времето кога се затвораа сметки за изборни кампањи со милионски долгови без да има одговорност, помина времето кога со парите од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ вршеше поткуп на медиуми.

Сега е време на одговорност. Очекуваме надлежните институции брзо да го разрешат овој случај, но и сите претходни случаи каде ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува законите.

Одговорност за овој, но и за сите прекршувања на законите мора да има. Следува ред, правда и дисциплина“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат