(ВИДЕО) Костадинов: Последните случувања во судството ја покажуваат потребата од прочистување на правосудниот систем

Од:

„Последните случувања во судството уште еднаш ја покажуваат потребата од прочистување на правосудниот систем.

Граѓаните се сведоци на потојани обиди за одлагање на предметот ТНТ, кој е во завршна фаза и треба да добие судска разрешница.

Денеска беа објавени информации со најави дека Апелациониот суд укинува затворски пресуди против обвинети во предмети на СЈО“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Веќе јавноста знае за информациите дека поранешниот претседател на Врховен суд држел десетици предмети во фиока.

Ова е недозволиво и мора да прекине. Граѓаните бараат правда и правда мора да има.

Се потврдува дека неопходен е процес на целосно прочистување на судскиот систем. Мора да се направи целосна разлика помеѓу оние кои ја извршуваат и оние кои ја попречуваат правдата.

Потребно е судство кое ќе испорачува правда, а не судство кое ќе застарува предмети.

Повторно ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата, веднаш да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, а Судскиот совет мора да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на предметите.

Ја повикуваме и Европската Комисија, веднаш да го стартува инструментот за мониторинг на судските случаи за корупција и политички криминал.

Мора да се расчистат последните остатоци од заробената држава и режимот кои се се уште присутни во судството.

Пред граѓаните се заложивме за правда и тоа заедно со граѓаните ќе го обезбедиме“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме