(ВИДЕО) Костадинов: Од „заробена држава“ за само 2 години процесот на реформи од Северна Македонија направија „светол пример“ во регионот

Од:

Нашата држава доби најпозитивен  Извештај за напредокот од Европската комисија и безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Од „заробена држава“ за само 2 години процесот на реформи од Северна Македонија направија „светол пример“ во регионот. Успехот во реформскиот процес е признаен и соодветно вреднуван, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ на денешната прес-конференција.

Како што е нотирано во Извештајот, постигнат е добар напредок во реформата на разузнавачките служби.  Откако беше завршена реформата на системот за следење на комуникациите, новата Оперативно-техничка агенција е целосно оперативна, а државата започна со реформа на своите разузнавачки служби во соработка со НАТО и другите партнери.  

Избран е модел, а усвоена е и законската рамка за формирање на новата Агенција за национална безбедност. Добар напредок е забележан и во спроведувањето на „Итните реформски приоритети“ и препораките од Венецијанската комисија и Високата експертска група за системски прашања во делот на владеењето на правото.

Државата, институциите, покажаа континуирана определба за подобрување на судскиот систем. Подготвен е и нов закон за Јавното обвинителство за интегрирање на специјалниот јавен обвинител во системот на обвинителството.

Зголемена е заштитата од злосторство од омраза и дискриминација со измени на Кривичниот законик и носење на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Овие оценки во извештајот се признание и вреднување на сработеното.

Ова се само дел од успесите во реформскиот процес што се нотирани во Извештајот од Европската комисија. Овој Извештај и безусловната препорака за почеток на преговорите се доказ за успешните процеси, но и дополнителен мотив, уште поангажирано да се вложиме во реализација на процесот на интеграција во ЕУ.“, заклучи Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски