(ВИДЕО) Костадинов: Со новиот Закон за енергетика граѓаните повторно имаат избор, а се создаваат услови да нема зголемување на цената на струјата

Од:

„Ги заштитуваме интересите на граѓаните и обезбедуваме стабилна енергетска иднина на државата.

Парламентарното мнозинство, на вчерашната собраниска седница, го изгласа новиот Закон за енергетика – клучен за спроведување на енергетските реформи во Македонија.

Новото законско решение обезбедува конкурентност во енергетиката и можност граѓаните на слободен пазар да одберат од кој снабдувач ќе се снабдуваат со енергенси“, рече Костадин Костадинов, пратеник во Собрание на РМ.

„Се враќа одземеното основно човеково право – правото на избор. Отворањето на пазарот ќе значи можност за избор, а со тоа и поконкурентни цени.

Дополнително, создаваме услови цената на струјата да не се зголеми, со примена на одредбите од овој закон.

Низ годините наназад, Владата на ВМРО-ДПМНЕ со серија погрешни чекори ја покачи за 100% цената на струјата и ја укина евтината тарифа.

СДСМ и мнозинството што го предводи создаде услови, ја вратиме евтината тарифа на струјата а сега создаваме услови да не се зголеми цената на струјата. Тоа е трајна придобивка за граѓаните и значи повеќе пари кај нив.

Со подзаконските акти, конечно ќе го решиме и долгогодишниот проблем на граѓаните кои се исклучени од парно, а се уште мора да плаќаат.

За оние кои нема да се одлучат да излезат на пазарот на јавен тендер, ќе се избере универзален снабдувач, кој ќе има договор од пет години. Регулирано ќе биде само користењето на инфраструктурата, гасоводите, далековидите и дистрибутивната мрежа.

Со овој Закон се елиминираат и конфликтот на интереси, како и заканата од санкции за земјава, заради неспроведувањето на третиот енергетски пакет од европската легислатива.

Само да потсетам, на Македонија и се закануваа санкции од Советот на министри за санкции, бидејќи поранешната влада не го испочитува рокот до почетокот на 2015 година да го имплементира третиот енергетски пакет, односно да го либерализира пазарот.

Со усвојувањето на овој Закон елиминирани се двете тужби што беа поднесени против Македонија, поради непочитување на обврските од Договорот за воспоставување на Енергетска заедница.

Законот обезбедува и отворање на циклус инвестиции во енергетиката којашто е иднина за сите.

Овој Закон е резултат на европското искуство во енергетиката, усогласен е со Енергетската заедница и со европските директиви од областа на енергетиката.

СДСМ ги остварува ветените мерки, коишто значат повеќе пари кај граѓаните, економски развој, напредок и приближување до стандардите на Европската унија“, вели Костадин Костадинов, пратеник во Собрание на РМ од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он