(ВИДЕО) Костадинов: Николоски призна дека не може да се направи подобар договор, сите пратеници да ги поддржат амаднманите

Од:

Александар Николоски вчера призна дека тој, антизападниот Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ со месеци свесно ги лажеле граѓаните. Да, точно е, не може да се направи подобар договор со Грција од Договорот склучен во Преспа. Тоа ние јавно го зборуваме со месеци наназад, свесни за одговорноста којашто ја имаме за иднината на државата, рече Костадин Костадинов од СДСМ на прес-конференција.

– Од друга страна, со месеци наназад, Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги на калкулантски начин, крајно несериозно и неодговорно ги лажеа граѓаните, ги лажеа сопствените членови, ги лажеа пратениците. Она што сега го признава антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните, на пратениците, на јавноста им е јасно одамна. Договорот од Преспа го зајакнува и заштитува идентитетот и се отвораат перспективите за членство во ЕУ и НАТО, што значи реализација на стратешкиот интерес на Македонија. Ова е уште една причина сите пратеници, особено останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, да ја напуштат криминалната матрица на Груевски и Мицкоски и да се вклучат во започнатиот процес во Собранието што обезбедува иднина во ЕУ и НАТО, рече Костадинов.

Тој ги повика сите пратеници да ги поддржат уставните амаднмани.

– Станува збор за иднината на државата. Да ги оставиме ситните калкулации на антизапдното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, нивните лаги секојдневно излегуваат на виделина. Наместо за иднината на Никола Груевски на што е фокусирано ова антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ да се фокусираме на иднината на Македонија и на сите нејзини граѓани. На тој начин, заеднички, како што личи за олку важно прашање коешто значи исполнување на стратешките интереси на нашата татковина. Одговорноста е во наши раце, ајде заедно да ја донесеме одлуката за иднината во НАТО и ЕУ, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски