(ВИДЕО) Костадинов: Нема да дозволиме да заживее аболицијата на криминалци од Иванов

Од:

Денеска пратеничката група на СДСМ поднесе Барање за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување. Со овој чекор сакаме да ги спречиме најавите да се врати незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов, против која застанаа сите слободоумни граѓани, зад која застанавме и ние, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Неказнивост на делата што ги направи режимот предводен од ВМРО-ДПМНЕ не смее да има и нема да има, ние тоа нема да го дозволиме.

Граѓаните бараат правда и правда мора да има.

Секојдневно сме сведоци на обиди за избегнување на правдата. Од постојано одложување на судења па се до иницирање на постапки пред Уставниот суд. Последен од тие обиди е отворањето на вчерашната постапка за оценка на членот 11 од Законот за помилување.

Одредени структури во правосудството упорно бараат начини да ја заобиколат правдата оние кои повеќе од една деценија ја злоупотребуваа службената положба и крадеа од граѓаните.

Тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме нова незаконска аболиција од очигледни инсталации на режимот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

Нова неуставна амнестија нема и не смее да има. Секој мора да одговара за делата и за злоупотребите што ги направил.

За предметите за кои се води постапка пред СЈО а сега се преземени од ЈО мора да има правна завршница.

Ги повикувам сите пратеници да застанат на страната на правдата и да го поддржат Барањето за автентичното толкување. Тоа е одговорност на секој избран пратеник.

Заедно да го спречиме активирањето на незаконските помилувања дадени од поранешниот претседател Ѓорге Иванов и сите до еден, на дело да покажеме дека сме за правда.“, наведе Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

СДСМ поднесе пријава за новинарот Бранко Героски