(ВИДЕО) Костадинов: Милошоски е испаничен и во страв од одговорност

Од:

„Колегата Антонио Милошовски е видно испаничен. Се гледаше стравот кај него и во рамки на Собранието кога се разговараше околу законот за ЈО. Знаеме што се има направено Милошовски и за што се сомничи, распродажбите на објекти во МНР, договорите со компании од Штип во однос реконструкции и рехабилитации на објекти во МНР, но имавме и можност во Собранието да слушнеме како еден друг колега од независната група на ВМРО-ДПМНЕ го посочува Антонио Милошовски дека на 12 април ја упатувал толпата, велејќи дека нивната цел е главата на Заев“, одговори портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на новинарско прашање за втората „бомба“ на Антонијо Милошоски.

„Од таков човек кој е во паника и страв од одговорност, а верувам дека Обвинителството ќе ја земе во предвид дискусијата од колегата од независната група на ВМРО-ДПМНЕ не можеме да очекуваме друго нешто освен да шири лажни вести и паники за некакви бомби. Знаме за што станува збор имавме можност да ги слушнеме материјалите со којшто располага Антонио Милошовски и нема никаков ниту компромитирачки моменти за партијата или претседателот Заев и во таа смисла добро што Антонио ги поднесува овие документи во Обвинителството затоа што тоа е разликата, затоа што 11 години сите знаеме како функционираа институциите, сега има можност да поднесе и Обвинителството да постапува растеретено од политички влијание. Но од друга страна јас сум убеден дека по донесувањето на ЗЈО и обвинителите и судиите ќе ги имаат во предвид постапките за коишто сите ние како граѓани го бараме, а тоа е конечно криминалците од режимското владеење да носат одговорност“, кажа Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски