(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски повторно бара амнестија за Груевски

Од:

„Измислувањето нови барања од страна на Христијан Мицкоски, како она за нов Јавен обвинител, е уште еден обид за барање амнестија за криминалите на Никола Груевски.

Во клучен период за иднината на државата, Мицкоски уште еднаш покажува дека не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Единствено Мицкоски се грижи за амнестијата на неговиот Никола Груевски“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Мицкоски сака да ја загрози иднината на Македонија со постапки кои се против интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО. Мицкоски, исто како и Ѓорге Иванов е под контрола на Груевски.

Мицкоски, Иванов и Груевски треба да знаат дека нема амнестија за никого. Секој кој постапувал незаконски ќе мора да се соочи со одговорност.

Колку и да се обидува, Мицкоски нема да ја закочи иднината на Македонија.

Волјата на граѓаните на референдумот е јасно изразена, граѓаните се за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО.

Должност на сите политичари, вклучително и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, е да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани.

Наместо да бара амнестија, Мицкоски да побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани, да ги забрзаме процесите за конечно членство во ЕУ и НАТО“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски