(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски потврдува дека ги брани криминалните политики на Груевски, проблемот со Југохром е решен

Од:

„Со таквите изјави, Мицкоски потврдува дека останува единствениот бранител на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски и неговите криминални политики.

Претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ со години ги лажеше граѓаните во целиот полошки регион дека ќе им го реши на проблемот со Југохром, но за жал тоа не се случи.

За разлика од нив, оваа нова Влада предводена од СДСМ се заложува и се заложи да го реши проблемот со Југохром.

Со задоволство јас можам да констатирам дека проблемот со Југохром е решен и со тоа го решаваме и проблемот на работниците, со тоа допринесуваме и за целокупната економија во државата и секако за зачувување на животната средина.

Добро ви е познато дека рестартирањето на Југохром ќе значи обезбедување на сигурни плати за многу граѓани и секако обезбедување на стабилен доход за многу семејства токму во Јегуновце и во целиот тој регион.

Она што треба да го имаме во предвид е дека рестартирањето на Југохром ќе учествува со 1% во бруто домашниот производ и тоа не е за потценување, а секако со изградбата на новата филтерската постројка го решаваме и проблемот со загадувањето на животната средина“, одговори на новинарско прашање Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ, за изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ