(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски очајно посакува да го врати „Сваровски“ судството

Од:

„Предлогот на Христијан Мицкоски, Владимир Панчевски да биде прв човек на новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција е предлог за враќање на „Сваровски“ судството кое работеше по инструкции од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова, Христијан Мицкоски уште еднаш покажа дека не му грижа за правдата, не му е грижа за владеењето на правото, неговата единствена грижа е да го одбрани криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Заврши времето кога политичари бираа јавни обвинители, тоа на Христијан Мицкоски треба да му биде јасно.

Панчевски е олицетворение на „Сваровски“ судството преку кое ВМРО-ДПМНЕ ја урнисуваше правната држава и ги погазуваше човековите права и слободи.

Мицкоски е олицетворение на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кој го инсталираше таквото судство.

Предлогот на Мицкоски, Панчевски, кој е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот, човекот кој во центарот на Скопје градеше дивоградби и кој беше осуден за мобинг врз судии да стане прв човек на новото Јавно обвинителство доволно говори каков е односот на Мицкоски кон правдата.

Мицкоски останува посветен на одбрана на криминалот и дејствување против правдата, против интересите и на граѓаните и државата.

Христијан Мицкоски очјано посакува враќање на „Сваровски“ судството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, но тој филм бидете сигурни дека нема да го гледа.

Борбата против корупцијата и организираниот криминал е бескомпромисна и таквата борба не познава партиска припадност“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ