(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски нема доблест да им се извини на граѓаните

Од:

„Христијан Мицкоски, трет ден се крие од јавноста откако се потврди дека ги лажел граѓаните за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски.

Иако самиот призна дека земал пари додека му бил советник на Груевски, што ги чинело граѓаните 2 милиони денари, Христијан Мицкоски не им се извини на граѓаните за тоа што ги излажа“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Без никаков срам Мицкоски лажеше пред граѓаните, пред оние од чии пари земал месечни хонорари, а сега се крие и одбива да им се извини.

Ова однесување на Христијан Мицкоски потврдува дека:

Мицкоски не ги почитува граѓаните и нема доблест да им се извини!

Ги потценува граѓаните и за него граѓаните очигледно не се важни!

Мицкоски нема образ и личен кредибилитет! Христијан Мицкоски не само што го следи патот на Никола Груевски туку очигледно ги дели и истите вредности со него.

Тоа е една иста матрица на ВМРО-ДПМНЕ која 11 години владееше со лаги, местенки, монтирани случаи и поделби што на граѓаните на Македонија им одзеде деценија од нивните животи.

Тоа е матрицата која што граѓаните ги понижуваше, ги обесправуваше, осиромашуваше и задолжуваше, додека поединци од власт се богатеа.

Граѓаните ќе го ценат Мицкоски по ова негово однесување“, вели Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он