(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски да одговори, дали спротивно на Законот за судир на интереси, бил избран како асистент кај татко му?

Од:

„Уште еден ден без одговори од Христијан Мицкоски за неговите лаги за лажните магистратура и докторат, наводно стекнати во Италија и Германија.

Секој ден го повикувавме Мицкоски да каже зошто ги лажеше и нашите граѓани, но и премиерот на соседна Бугарија, за тоа каде магистрирал и докторирал“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Молчи Мицкоски, се мисли што да каже и што да излаже. Додека го мисли одговорот, му поставуваме уште неколку прашања:

Христијан Мицкоски, дали спротивно на законот за судир на интереси, користејќи ја позицијата на татко ти, и преку негов притисок врз целиот наставно научен совет на Машинскиот факултет, без никаква солидна академска подготовка, си избран како асистент на твојот татко?

Христијан, одговори им на граѓаните, зошто како рецензент на твоите трудови се јавува твојот татко? Дали беше малку што те направи асистент, па мораше и на трудовите да ти се потпишува како рецензент?

Мицкоски излажа за Договорот со Бугарија, излажа за магистратура и докторат во Германија и Италија, па еве прилика, нека се охрабри и нека каже како успеал да стане асистент на Машинскиот факултет во Скопје?

Мицкоски е најлошиот асистент на Машинскиот факултет. Мицкоски е најлошиот директор на ЕСМ. Мицкоски е најлошиот лидер на опозицијата.

Неговата кариера ниту е професионална, ниту е академска, ниту е политичка. Неговата кариера е измамничка и манипулативна. Впрочем, каква може да биде кариерата на човек чиј ментор е Никола Груевски?“, праша Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“