(ВИДЕО) Костадинов: Македонија го добива своето место во НАТО

Од:

Земјите членки на НАТО денеска го потпишуваат Протоколот за пристапување на Македонија во најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Македонија го добива своето место во НАТО, а тоа е историски успех за нашата земја и сите наши граѓани, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Напредокот на Македонија во интегративниот процес и успехот на економските политики на Владата носат бројни придобивки за граѓаните, особено во делот на економијата.

Последните податоци од Државниот завод за статистика, покажуваат раст. Извозот во 2018 бележи раст од 21,8 отсто во однос на 2017 година.

Според вкупниот обем на трговската размена, по Германија, Македонија најмногу тргувала со соседна Грција. Ова е доказ дека решавањето на 27 годишниот спор позитивно влијае и ја унапредува економската соработка меѓу двете земји.

Дополнително, во ноември 2018 забележан е раст на индустриското производство од 7,9 отсто во однос на истиот месец во претходната 2017 година.

Бројот на работници во индустријата е зголемен за речиси 6 проценти а невработеноста во 2018 година опадна на 20,8 отсто. Платите континуирано растат.

Ова не се само обични бројки и проценти, ова е реално придвижување на економијата, реален раст на приходите во компаниите, реален раст во приходите на семејствата“, изјави Костадинов.

Тој посочи дека влегувањето во НАТО дополнително ќе влијае и врз растот и развојот на економијата. Македонија станува сигурна, атрактивна дестинација за сериозни странски инвестиции, македонското стопанство станува поконкурентно, изјави Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните