(ВИДЕО) Костадинов: Криминалната матрица во белата палата останува иста, Мицкоски останува извршител на Груевски

Од:

„Она што се случува во ВМРО е практично сето она што го кажуваме и во изминатите месеци како СДСМ како политичка партија. Практично последните случувања во ВМРО-ДПМНЕ се доказ дека внатре во партијата ништо не се променило“, одговори портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на новинарско прашање.

„Тоа е истата таа матрица контролирана директно од Никола Груевски, а спроведувана овде во Република Северна Македонија од страна на Христијан Мицкоски внатре во ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе го погледнете новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вклучувајќи го тука и Антонио Милошовски и целата таа екипа водена од Никола Груевски, може да заклучиме дека криминалната матрица во белата палата останува“, додаде Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ