(ВИДЕО) Костадинов: Јавно е позната вмешаноста на Мицкоски во бизнисите со хидроцентрали на штета на граѓаните, тој е најнеспособнот директор на АД ЕЛЕМ

Од:

„Како што е познато во јавноста, многу е голема веројатноста дека Христијан Мицкоски е заплеткан во бизнисите со хидроцентрали на грбот на граѓаните.

Тој лично беше косопственик на 3 мали хидроелектрани имат загарантиран 20 годишен договор по цени на струја коишто ја плаќаме сите ние граѓаните.

Секој еден граѓанин, секое семејство му плаќаше на Мицкоски за овие хидроелектрани“, рече Костадин Костадинов портпарол и пратеник од СДСМ.

„За четири години, за годините 2016, 2017, 2018 и 2019 хидроелектраните во кои Мицкоски имал удел заработиле близу еден милион евра, односно 56 милиони денари.

На ист начин и Пелагонија Енерџи на неговиот финансиер и тајкун Орце Камчев, од хидроелектрани инкасирала над 33 милиони евра за 5 години, во периодот од 2015-2019 година.

Христијан Мицкоски останува запаметен како најнеспособниот директор на АД ЕЛЕМ, сегашно ЕСМ, но останува запаметен и како советник за енергетика во Владата на Никола Груевски, Влада која носеше погубни енергетски политики преку кои цената на струјата се зголеми за 100 отсто, беше укината евтината дневна тарифа, а државата беше зависна од увоз на скапа струја.

Лицемерна и лажна е загриженоста на Мицкоски за цената на струјата. Тој, освен за богатење на грбот на народот и за одбрана на криминалот, не се грижи за ништо друго.

Проѕирни се неговите лаги и манипулациите, граѓаните одамна не му веруваат. Затоа е во опозиција и затоа уште долго останува таму“, изјави Костадин Костадинов портпарол и пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“