(ВИДЕО) Костадинов: Јанушев и Димовски ја потврдуваат спрегата на антизападниот Мицкоски со Груевски и Јанакиески

Од:

Шемите на антизападниот Христијан Мицкоски со негвоиот ментор и носител на криминалот,Никола Груевски излегоа на виделина. Антизападниот пион Мицкоски, додека бил советник на Груевски, преку неговата „Енрготек ДОО Скопје“ добил согласност за користење вода и закуп на државно земјиште за изградба на хидроцентрали, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Во шемите преку оваа компанија е вклучен и Димитар Димовски, актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и десна рака на некогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Некогашната пак лева рака на Миле Јанакиевски, Игор Јанушев, е Генерален секретар на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истиот Игор Јанушев кој е осомничен во истрага на Специјалното јавно обвинителство, за набавка на автобуси, како што е јавно соопштено, со што е нанесена штета на буџетот на РМ во износ од 5 милиони евра. Тоа е истиот Игор Јанушев познат од политичките бомби кај кого Миле Јанакиескителефонски препраќа поранешни началници од МВР, за да се изработат лични карти, за изборите во Струмица. Тоа е истиот Игор Јанушев кој како директор на ЈСП на крајно сомнителен начин изнајмувал автобуси за митинзи на ВМРО-ДПМНЕ, рече Костадинов.

Според него Димовски и Јанушев, кои биле блиски соработници на Јанакиески, еден од најблиски луѓе на Груевски, очигледно биле најбилиски соработници и на Мицкоски.

– Очигледна е спрегата на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионотМицкоски со криминалите на Груевски и Јанкиески. Во ова антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ владее истата матрица на Груевски. Затоа антизападното раководство и Хидро Мицкоски работат против ЕУ и НАТО. Ова е уште една причина, останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да ја напуштат оваа криминална политика на антизападното раководство и да се приклучат во процесите во Собранието за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски