(ВИДЕО) Костадинов: Истрагата да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран

Од:

Правда мора да има! Градењето на независен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Правната држава функционира, неселективно за сите, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ на денешната прес-конференција.

„Никој не е над законите и секој ќе одговара за своите постапки.

Целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој случај.

Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите.

Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран.

Одговороност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или на било каква друга припадност.

Обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока нема да успеат.

Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата.“, наведе Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски