(ВИДЕО) Костадинов: Со иницијатива до Уставниот суд, бранителите на Груевски сакаат да го спасат од одговорност

Од:

Бранителите на Никола Груевски поднеле иницијатива за испитување на уставноста на членови од Кривичниот законик врз основа на кои се терети поранешниот премиер од редовите на Фамилијата, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Со иницијатива до Уставниот суд се обидуваат да ја оспорат уставноста на Кривичниот законик, односно членот 353 став 5, кој се однесува на злоупотреба на службена должност. Иницијативата има за цел одговорноста за неправилностите во јавните набавки да се префрли врз Комисијата за јавни набавки, а со тоа Груевски и неговите соработници, да бидат ослободен од одговорност. Истовремено, се бара предметите што се водат во моментов а се однесуваат на кривичните дела поврзани со Злоупотреба на службената положба и овластување, да бидат запрени се додека Уставниот суд не се произнесе. Ова не е ништо друго освен последен, јалов, очајнички и правно неписмен обид за амнестија на Никола Груевски и неговите соработници, рече Костадинов.

Тој додаде дека со ова се потврдувала целта на Мицкоски и сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, односно амнестија на, како што рече, криминалот на Никола Груевски.

– Христијан Мицкоски, претходно и сегашно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, треба да знаат дека амнестија нема да има. Македонија е правна држава. Законите важат и ќе важат за сите подеднакво. Никој не е и нема да биде над законите и ниту еден закон нема да се менува или укинува за некој да се спаси од одговорност. Секој кој постапувал незаконски ќе мора да одговара без разлика на неговата етничка, религиска или политичка припадност, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он