(ВИДЕО) Костадинов: И Макрон потврди дека сите членки биле за да започнеме преговори

Од:

„Колку што се срамни и антидржавни изјавите на Мицкоски толку е голем шамарот од Макрон токму за Мицкоски.

Во интревју за Економист, Макрон потврдува дека „сите во ЕУ биле за преговори“ со Македонија.

Целиот западен демократски свет порача дека Северна Македонија сторила се, а одлагањето на датумот било историска грешка“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Дури и Емануел Макрон вчера во интервју порача дека сите земји членки биле сложни да ги започнеме преговорите со ЕУ.

Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ останаа да се радуваат на историската грешка на ЕУ.

Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски останаа да работат против ЕУ и НАТО, следејќи ги инструкциите на Груевски од Будимпешта.

Тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, анти ЕУ и анти НАТО дејствување, обнова на режим и враќање назад во изолација.

Со таква понуда можат да се надеваат само на убедлив пораз на 12ти април. Граѓаните уште еднаш ќе поразат нивнот деструктивно однесување и на 12ти април ќе потврдат дека државата е на прав пат“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме