(ВИДЕО) Костадинов: Груевски има обврска лично до Собранието да ја поднесе оставката

Од:

„За две години откако СДСМ ја презеде одговорноста, дадена од граѓаните, со гордост може да кажеме дека напредок има во речиси сите полиња. Земјата ја кренавме, ја исправивме, и сега спокојно чекори напред кон сигурна и стабилна иднина.

Од заробена држава, денес Република Северна Македонија е светол пример во регионот. Слободата на говор ја вративме и ја обезбедивме, демократијата и почитувањето на човековите права се зајакнати, транспарентноста никогаш не била на повисоко ниво“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Владеењето на правото и социјалната сигурност се во фокусот на политиките. Преку концептот „Едно општество за сите“ покажавме како функционира успешно општество кое се грижи подеднакво за сите наши граѓани.

За неполни две години решени се сите отвoрени прашања со соседите. Од држава во изолација, добивме свое столче во НАТО и сме пред добивање датум за почеток на преговoри за членство во ЕУ“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Должност ни е како пратеници и како одговорни политичари да го почитуваме Уставот. Уставот јасно кажува како одреден пратеник може да си поднесе оставка. Согласно Уставот тој треба лично да си дојде назад во државата и да си ја поднесе оставката во Собранието“, одговори Костадинов на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните