(ВИДЕО) Костадинов: Гласот за Стево е глас да продолжат, гласот за Гордана е за да запрат инвестициите

Од:

„Напредокот во интеграциите, успешните економски политики резултираа со раст на економијата, раст на платите и на инвестициите.

Во 2018 година забележан е рекорден износ на странски директни инвестиции од 625 милиони евра. Отворени се над 26.000 нови работни места, а стапката на невработеност падна на историски најнизок процент, 19,4.

Инвестициите носат повеќе пари кај граѓаните, нови и подобро платени работни места.

19 нови странски инвестиции започнаа со работа, дел се во градба, дел започнуваат со градба или се во втора фаза на инвестирање“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Меѓу нив се и компаниите:

Чагатај Кабло од Турција во ТИРЗ Скопје 1 автомобилска индустрија за електрични инсталации со 100-тина вработени во моментов.

ВИК од Германија во ТИРЗ Прилеп за производство на апарати за домаќинство со 200 вработени во моментот, а таргетот до 1000 вработувања

Теламон од САД во Скопје Инџиково браунфилд објект, производство на електрични кабли за автомобилска индустрија со 70 моментални вработувања и краен таргет до 830 вработувања.

Кранфилд Фаундри од Русија инвестиција во Пробиштип, модерна леарница за автомобилска индустрија со моментално 40 вработени, а таргет од 280 вработувања

Баумер Швајцарија во ТИРЗ Скопје 1 за производство на сензори, декодери и други електронски компоненти со околу 200 работни места

Мурат Тичарет од Турција во ТИРЗ Скопје 2 автомобилска индустрија, производство на електрични инсталации и кабли евра со моментални 300 вработени

Дура САД во ТИРЗ Скопје 2 автомобилска индустрија за надворешни трим делови, до 500 вработувања
Кеслер Германија во ТИРЗ Скопје 1 за производи на електромотори, моментални вработувања 150.

Државата, економијата, мора да продолжат да се движат напред, не смее да се враќаме назад во неизвесност и изолација.

На овие избори, гласот за Стево Пендаровски е глас за раст на странските инвестиции, раст на платите.

Гласот за Гордана Сиљановска е глас за да запрат инвестициите, за парите да не завршуваат кај граѓаните туку кај фамилијата од ВМРО-ДПМНЕ водена од Будимпешта.

Затоа, во недела да гласаме масовно за број три за Стево Пендаровски, продолжуваме заедно напред!“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот